Македонија

Славески поднел две кривични пријави против Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за случајот „Алта банка“

Славески поднел две кривични пријави против Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за случајот „Алта банка“

Две кривични пријави поврзани со случувањата околу Алта банка АД Битола биле поднесени од Народната банка и гувернерот Трајко Славески.

Според информациите на порталот, едната пријава е поднесена против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

Втората кривична пријава се однесува на секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски.

Засега нема дополнителни информации за содржината на пријавите, ниту за конкретните наводи што се опфатени во нив.

Случувањата околу Алта банка беа и тема на денешната надзорна расправа во Собранието. Прв пред пратениците се обрати премиерот Христијан Мицкоски, по што свое излагање имаше и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Претходно, Мицкоски го повика Јавното обвинителство да реагира во врска со, како што оцени, обидите за ширење паника околу случајот со Алта банка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни