Македонија

Парното во Скопје повторно поскапува од 1 јануари, за домаќинствата се најавува зголемување до 7,5 проценти

Парното во Скопје повторно поскапува од 1 јануари, за домаќинствата се најавува зголемување до 7,5 проценти

Нови повисоки сметки за парно ги очекуваат скопјани од почетокот на 2027 година, доколку Регулаторната комисија за енергетика ги усвои предложените тарифи. За домаќинствата приклучени на „ЕСМ Снабдување“ и „Скопје Север“ се предвидува зголемување на цената за 7,5 проценти, додека корисниците на „ЕСМ Енергетика“ би плаќале 7,2 проценти повеќе.

Уште поголемо поскапување се предлага за фирмите и другите правни лица, за кои тарифите би се зголемиле за околу 13 проценти.

Како главна причина за новата корекција на цените се наведува зголемувањето на цената на природниот гас, што влијае врз трошоците за производство и снабдување со топлинска енергија.

Доколку предлог-тарифите бидат усвоени, ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година. Со претходните корекции, цената веќе е зголемена за околу 11 проценти.

Новите цени треба да почнат да се применуваат од 1 јануари 2027 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни