Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставовите во однос на висината на субвенционираниот студентски оброк по доаѓањето на власт.
Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој потсети дека партијата, додека била во опозиција, предложила студентскиот оброк да изнесува 161 денар, со образложение дека износот треба да биде поблиску до инфлациската стапка.
„Тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела амандман да биде 161 денар, дека треба да биде поблиску до инфлациската стапка за 2022 година“, посочи Ходаи.
Тој упати критики дека денес, кога партијата е на власт, не ги прифаќа барањата за кои претходно се залагала.
„Денес ги сменивте и не ги прифаќате истите амандмани и барањата на студентите“, порача Ходаи.