„Зоран Заев и СДСМ со специјалци и борбени оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест. Како во најцрните времиња на комунизмот народот требаше да биде заплашен и замолчен.
Земјоделците го живеат најцрниот период во овие 29 години македонска држава. Големиот одзив, и покрај полициските сили и притисоци на Заев и Спасовски покажуваат колку е тешка маката на македонските земјоделци. Субвенциите не стигаат до крајниот земјоделец, а целиот сегмент е во рацете на локални моќници кои печалат на маката и трудот на работливите земјоделци. Но Земјоделците го кренаа гласот и нема назад.
Зоран Заев вчера и нареди на полицијата на Спасовски да ги спречи земјоделците да го изразат својот револт против ненародната власт која три години лаже и манипулира со нивниот труд.“, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.