Македонија

САД со поддршка за Северна Македонија, Палмер: Преспанскиот договор ја чува стабилноста на регионот

САД остануваат посветени на унапредувањето на односите со Северна Македонија и нејзината интеграција во НАТО и ЕУ. Вака рече заменикот помошник државен секретар на САД, Метју Палмер кој денеска во влада се сретна со премерот Заев. Палмер изрази задоволство од ратификацијата на Протоколот на вклучување во НАТО од страна на Сенатот на САД и додаде дека Вашингтон со нетрпение очекува земјава да стане 30-та земја членка на НАТО.

„Пораката е дека САД е партнер и пријател на Северна Македонија, ние сме посветени на оваа релација со Северна Македонија и нејзината европска перспектива што ги вклучува НАТО и ЕУ. Патот на Северна Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ со нетрпение го очекуваме партнерството со властите од Скопје и на Унијата. Што се однесува до преспанскиот договор, САД и натаму го поддржува и додаде дека е многу важен за безбедноста и стабилноста на регионот“, рече Палмер.

Премиерот Заев рече дека и натаму е посветен на процесот нан интеграција во ЕУ и дека следниот период ќе продолжат реформите, релаксираните меѓуетнички односи како и добрососедските односи.

„На средбата заеднички е потврдено дека определбата на земјата за евроатлантските процеси е непоколеблива и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени. Палмер го реафирмира јасниот став на САД дека тие остануваат сојузник на Северна Македонија на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и на континуираните напори и политики на земјата да обезбеди одржливи услови за просперитетна иднина за граѓаните на Северна Македонија“, изјави Заев.

Што се однесува до Преспанскиот договор, Палмер рече дека САД продолжува да го поддржува и додаде дека истиот е многу важен за безбедноста и стабилноста на целиот регион. Метју Палмер исто така за време на престојот во Скопје се сретна со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димиторв, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоски и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни