Македонија

Анѓушев ќе се раздели од Заев – добивката на фирмите на Анѓушев: Ем паѓа, ем расте!

Анѓушев ќе ја напушти Илинденска и по изборите ќе се врати на сопствените фирми, бидејќи како што вели тој, добивката му е опадната за 50% откако е вицепремиер во Владата на Заев.

Изјавата на Анѓушев со она што го покажуваат податоците од Централниот регистар не се совпаѓаат. Според фејсбук страната „Рефлектор“, а која се повикува на податоци од Централниот регистар, не е сѐ така цpнo откако Анѓушев е дел од владата.

„Фероинвест ДОО“ во 2017 година остварила нето добивка од 50.4 милиони денари. Во 2018-та, остварената добивка изнесувала 77.7 милиони денари, односно забележала раст од 54% во споредба со претходната година.

„Брако ДОО“, од друга страна, во 2017-та забележала нето добивка од 28.7 милиони денари. Веќе следната година, „Брако ДОО“ остварила добивка од 69.9 милиони денари, односно раст од… 143 проценти!

Изјавата на Анѓушев денеска ја правдаше Заев, велејќи дека Стопанските комори на Македонија ќе предложат замена за вицепремиерот, ако СДСМ успее да формира нова Влада.

Заев го пофали Анѓушев дека е одговорен политичар и изрази увереност дека ќе ги дозавршат проектите од кои ќе зависат ефектите во сите економски ресори и чинители во владата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни