Директорот на компанијата Тесла Илон Маск доживеа пех во текот на претставувањето на електричниот камионет Сајбертрак кога наводно пукнаа непробојните стакла на возилото, поради што тој речиси инстант загуби голем дел од своето богатство.
Шефот за дизајн во Тесла, Франц фон Хозхаусен фрли метална топка во текот на демонстрацијата во левиот преден прозорец, а стаклото неочекувано пукна пред очите на сите.

Акциите на компанијата Тесла изгубија вредност по инцидентот, така што Маск остана без речиси 770 милиони долари, објави Форбс.
Акциите на Тесла паднаа за 6 отсто на пазарот и сега нивната вредност изнесува 23,6 милијарди долари.
На Маск му беше јасно што значи тоа, па, велат насобраните, можеле да слушнат дека опцул кога се скршило стаклото.

Меѓутоа и покрај овој инцидент, Тесла прими речиси 150.000 пораки за ова футуристичко пикап возило.
Маск има 48 години и моментално е 41. на листата најбогати личности во светот.