Извонредно интересен меч во рамките на Италијанското првенство попладнево одиграа екипите на Лече и Каљари. Гостите беа на прагот на нова победа која им носеше пласман на третото место на табелата но не успеаја да го задржат високото водство од 2-0 и на крајот освоија само бод.
Натпреварот беше поместен за денеска поради обилните дождови во Италија и уште на стартот донесе водство на Каљари со гол од пенал што го реализира Жоао Педро. Дури во 67м гледачите видоа нов погодок кога Наинголан зголеми на 2-0 за гостите. Но сепак Лече беше упорен и искористи удар од белата точка преку Лападула за да го ублажи водството на Каљари на 1-2. Овој гол ги мотивира домашните фудбалери и во судиското надополнување Калдерони успеа да постигна уште еден гол за конечни 2-2 на оваа средба.