4NEWS.mk

Конференција за идните предизвици за управувањето со миграциите

Во организација на Македонското здружение на млади правници и канцеларијата на УНХЦР во Скопје, денеска ќе се одржи конференција на тема „Идни предизвици за управувањето со миграциите”.

На конференцијата е најавено обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, шефицата на канцеларијата на УНХЦР Моника Сандри, претседателот на МЗМП Зоран Дранговски, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Хари Локвенец и на деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни