Црвениот крст денеска во Скопје го организира 10-тиот партнерски состанок со цел да ја поттикне соработката со партнерските организации и да се обезбеди проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории на граѓани.
Партнерскиот состанок, според најавите, ќе го отвори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, а ќе се обрати и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.