Со 4 милиони евра државата ќе помага да се вработат 400 лица приматели на гарантиран минимален приход. Целта е да се извлечат луѓето од сиромаштија преку вработување, а со тоа да се извлечат од системот за социјална помош.
Луѓето најпрво ќе се доквалификуваат и подготват според барањата на пазарот на труд, а потоа за полесно да дојдат до работно место проектот предвидува и субвенционирање на нивното вработување.
За проектот се обезбедени 4,1 милиони евра, од кои 3,3 милиони евра се грант од ЕУ, додека остатокот се буџетски пари.
Мирјана Јовеска