Девојка се здобила со тешки повреди кога се судрила со друго возило на патот Куманово – Крива Паланка.
Во 07.45 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.И. од Куманово и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Л.В. од Скопје.
Во незгодата С.И. се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.