Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018 година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро.
По одредено време, Фуркан Али и рекол дека убиле човек, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“.
Сведокот додаде дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и не делувале воопшто вознемирени вечерта.