Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга испрати остро предупредување до македонските политички структури, обвинувајќи ги за системска одмазда и исклучување на Албанците од институциите. Според него, ваквите политики можат да предизвикаат сериозни последици и „невиден бунт“ меѓу албанската заедница.

„Оваа одмазда против Албанците не ѝ помага на државата и на нејзините европски перспективи. Таа поттикнува бунт кај Албанците, а тие не го разбираат тоа. Ова мора да се разбере правилно!“, изјави Ахмети, алудирајќи на случаи на исклучување, деградирање на двојазичноста и селективна правда.

Тој посочи дека отстранувањето на албанскиот јазик од институционални табли и патокази, како и политичките напади врз Албанците и симболите, не се во духот на европските вредности. „Како може Швајцарија да функционира со четири службени јазици, а Македонија не може со два?“, праша Ахмети.

Ахмети предупреди дека обидите за поделби и политичка маргинализација ќе ја дестабилизираат државата и повтори: „Ние сакаме функционална демократија, но ако не престане дискриминацијата – чашата ќе се прелее.“

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното