„Ајде мајки, на +40 степени да докажеме дека нема ништо посилно од болка и љубов“, нов марш во Кочани, мајките со апел

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, во кое членуваат родителите и блиските на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, ја најави 12-та протестна шетња под мотото „Марш за ангелите“.

Маршот ќе се одржи денеска, на 5 јули, со почеток во 18:05 часот, и ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.

Маршот е израз на сеќавање и болка за прерано згаснатите животи, но и апел за одговорност и неселективна правда, која семејствата ја бараат речиси четири месеци по трагедијата.