Живот

Ако имате над 50 години, секогаш треба да ја додавате оваа состојка во вашето кафе

Ако имате над 50 години, секогаш треба да ја додавате оваа состојка во вашето кафе

Ефектот на кофеинот врз организмот е честа тема на истражување, особено ако се земе предвид дека многу луѓе консумираат повеќе шолји кафе дневно од препорачаната доза.

Потрошувачката на сите видови храна, вклучително и кафето, треба да се мери за да се избегнат потенцијални негативни ефекти.

д-р. Памела Пик нагласува дека по 50-тата година многу функции во телото се забавуваат, но дека тоа може да се подобри со исхраната.

Таа смета дека во кафето треба да се додаде цимет, а во солените јадења куркума.

„Куркумата го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси во зглобовите“, објасни таа.

Куркумата со причина е наречена „кралица на зачините“, а може позитивно да влијае и на зачувување на когнитивните функции, пишува Крстарица.

Еден грам цимет дневно може да го намали шеќерот во крвта, лошиот холестерол и триглицеридите.

„Циметот има антиинфламаторно и антимикробно дејство. Го одржува нивото на шеќер во крвта бидејќи го забавува празнењето на желудникот после јадење. На овој начин спречува нагли скокови или падови на шеќер и ја подобрува чувствителноста на организмот на инсулин“, потенцира д-р Пик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни