Мартин Лутер Кинг беше активист за граѓански права во текот на 1950-тите и 1960-тите. Тој водеше ненасилни протести и се бореше за правата на сите граѓани, без разлика на расата.
Прогласен за еден од најдобрите говорници, неговите говори и цитати и денес ја носат истата тежина и моќ.
Неговите мудри идеи ги променија животите на многумина, продолжувајќи да живеат до ден-денес. Еве како зборуваше тој:
За љубовта:
„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја избрка омразата, само љубовта може да го направи тоа“. „Љубовта е единствената сила што може да го претвори непријателот во пријател“. „Одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем товар што треба да го носам на моите раменици“.
За верата:
„Вера е кога го правиш првиот чекор, иако не ги гледаш сите скали. „Мораме да го прифатиме разочарувањето, но никогаш не смееме да ја напуштиме бескрајната надеж. „Да се биде христијанин без молитва не е ништо повозможно од тоа да се биде жив без дишење“.
За животот:
„Постојаното и најважно животно прашање е: Што правиш за другите? „Човек кој не е подготвен да умре за нешто, не е ни подготвен да живее“. „Нашите животи почнуваат да завршуваат од денот кога ќе почнеме да молчиме за важни работи.
„Секогаш е вистинското време да се направи она што е правилно.
„Ако не можеш да леташ – трчај, ако не можеш да трчаш – оди, ако не можеш да одиш – ползи, но што и да правиш – треба да се движиш напред! „Не е најголемата трагедија да умреш млад, туку да доживееш 75 години и да не доживееш ништо.
„Лагата е како снежна топка: колку подолго се тркала, толку станува поголема, но кога ќе застане, се топи“.