Демонстрантите кои денеска излегоа на улиците и протестираа по трагичната смрт на 22-годишната девојка Фросина Кулакова, најавија нови помасовни протести.
Како што велат, тие имаат за цел да ја спречат неказнивоста и бараат правда за сите жртви на сообраќајни несреќи.
„Ако сега премолчиме, ваквите работи ќе продолжат. Сите треба да се организираме и да покажеме дека ова мора да престане“, велат тие.
Тие маршираа од местото на несреќата до Собранието, Обвинителството и завршија пред Кривичниот суд.
Преди два дена, 22-годишната девојка беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола, минал на црвено светло и ја удрил со брзина од 120 км/ч.