Забава

Актерот Вилијам Шатнер ќе лета во вселената следната недела

Гигантот Блу ориџин вчера официјално потврди дека актерот Вилијам Шатнер ќе замине во вселената во следното полетување на ракетата на основачот на Амазон, Џеф Безос, пренесува Daily Mail.

Патувањето е закажано за 12 октомври.

90-годишниот актер, најпознат по улогата на капетан Џејмс Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“, на тој начин ќе стане најстариот патник во вселената. Покрај Шатнер, во екипажот ќе бидат Одри Пауерс, потпретседател на компанијата, Крис Бошуизен и Глен де Врис.

„Слушав за универзумот многу долго. Ќе ја искористам можноста да го посетам лично. Какво чудо”, рече актерот во изјава за странските медиуми.

Пред Шатнер, најстариот патник во вселената беше 82-годишната пионерка жена-авијатичар Воли Фанк, а пред неа, најстариот летач во вселената беше 77-годишниот Американец Џон Глен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни