Полицијата сè уште постапува во врска со акцијата од синоќа во скопско Арачиново, во која е запленета поголема количина марихуана, информира портпарлот на МВР Тони Ангеловски.
Поради текот на акцијата, од МВР засега не соопштуваат детали. Според неофицијални информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, станува збор за заплена која во петокот беше украдена од магацин во Јосифово.
За големата полициска акција официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден по целосно завршување на акцијата.