Состојбата со корона вирусот е сериозна. Исполнети се болничките капацитети во многу градови во земјава, како во Куманово, Штип и Струмица. Поради тоа донесена е одлука да се додадат два оддели во градската болница 8 Септември, да се зголеми болничкиот капацитет во детската болница Козле.
Комисијата исто така одлучи да се стави во функција нова лабораторија за ковид тестирање со која ќе се зголеми дневниот капацитет за тестирање. Претседателот на комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, рече дека тие прават се за да им помогнат на пациентите и заразените. Тврди дека работат со предолго работно време, со ротации, но се е залудно бидејќи граѓаните не ги почитуваат мерките.
Според статистиките од Институтот за јавно здравје, околу 80% од заразените пациенти се асимптоматични, 12% со лесни симптоми и другиот дел со тешка клиничка слика. Што се однесува до 12 починати пациенти во неделата, Филипче рече дека тие не се сите од последните 24 часа, но изјави дека во извештајот за последните 24 часа понекогаш се евидентираат и починатите од претходниот ден или два поради тоа што доцнат резултатите од постмортем брисот.
.
