Балкан

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран

Албанија ги прекинува дипломатските односи со Иран и им наредува на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа по истрагата за сајбер нападот во Албанија во јули, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, цитиран од Ројтерс и АФП.

Владата одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран, рече Рама во видео изјава испратена до медиумите.

„Овој конечен одговор … е целосно пропорционален на сериозноста и ризикот од сајбер нападот, кој се закануваше да ги парализира јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да влијае на владините податоци, да ги украде владините внатрешни електронски комуникации и да предизвика хаос и неизвесност во земјата. изјави Рама.

Темелната истрага ни даде непобитен доказ дека сајбер нападот бил оркестриран и спонзориран од Иран, додаде Рама.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни