Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија.
Како што вели, таа ќе биде во Европската унија „за две години“.
„Европа е „стабилно и доверливо место. о овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, рече Макрон на економскиот форум „Приоритет Европа“, кој го организираше институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас.
Целта на состанокот е да ги поврзе европските лидери и иноватори со суверените фондови и шефовите на компании од Блискиот Исток, Азија и САД.
Според Макрон, Албанија е „влезна точка“ во регионот на Балканот и пошироко во медитеранскиот басен.
„И за две години, за што премиерот Еди Рама има јасен мандат, таа ќе се приклучи на ЕУ“, рече Макрон.
Рама изјави дека преговорите на неговата земја за приклучување кон ЕУ почнаа во 2022 година и додаде дека ако „добро ги завршат сите свои задачи“, би можеле да ги „заклучат до 2027 година“, додавајќи дека тоа „би било неверојатно“.