Беа потребни 15 минути Комисија за европски прашања да прифати 10 амандмани предложени од политичките субјекти за предлог Законот за Јавно обвинителство. За останатите 41 треба согласност меѓу политичките партии.
ВМРО-ДПМНЕ, достави 14 амандмани, а досега беа прифатени само 4. Антонио Милошоски предлага јавниот обвинител да не биде само обвинител, туку може да биде и судија или адвокат. Милошовски изјави дека се уште постојат разлики за клучни прашања.
На ДУИ и беше прифатен амандманот со кој бараат користење на албанскиот јазик во ЈО.
На СДСМ и беа прифатени 5 амандмани, кои главно беа со именувањето на институцијата и датумот кога законот треба да стапи на сила. Пратеничката на СДСМ, рече дека политиката треба да стои далеку од правосудството.
Предлог законот не го поддржаа двете албански партии во опозицијата, Алијанса за Албанците и Движење Беса. Тие се сомневаат дека со овој закон ќе се распушта СЈО, а предметите отворени од СЈО ќе заминат во историја. Тие бараат странски обвинител и барем обвинителите да знаат албански.
Доколку се постигне договор, предлог законот може да се стави на пленарна седница следната недела, заедно со измените за Законот за Советот на јавни обвинители, за кој се доставени 16 амандмани.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ