Албанската полиција и директорот Арди Велиу, денеска одржа прес-конференција во Тирана, по повод гоелмата акција во која биле уапсени 32 лица. На пресот, новинарите се интересирале и за изјавата на македонскиот јавен обвинител Љубомир Јовески, па поставиле прашање дали навистина се избришани снимките од Никола Груевски кој од Македонија излегол кон Албанија.
„Предмет на прес-конференцијата не е тоа прашање. Ние немаме информации за ова прашање“, истакнал Велиу, а пренесе телевизијата „Ора њуз“.
Јовески пред неколку дена истакна дека снимките од Груевски биле избришани поради системот. Вилма Рускоска, пак, истакна дека во Црна Гора имало снимки од Груевски во автомобил со двајца дипломати од Унгарија.
Само два дена пред изјавата на Јовевски, медиумите во Албанија објавија дека властите во нашиот западен сосед ќе им ги достават снимките на властите, и дека сигурносните камери го снимиле моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува македонско-албанската граница.