Алијанса за Албанците предводена од Таравари на локалните избори ќе оди со посебни листи

На вечерашниот состанок што го одржа Централното претседателство на Алијансата за Албанците (АА), предводена од Арбен Таравари, во партиското седиште во Тетово, беше донесена одлука партијата да настапи со посебни листи на претстојните локални избори.

Според одлуката, АА ќе ги дефинира своите позиции независно од коалицијата „Вреди“, со фокус на самостојна политичка понуда кон граѓаните.

Кандидатите за градоначалници допрва ќе се утврдуваат, а изборот, како што велат од партијата, ќе се темели на квалитетот, капацитетот и довербата што ја уживаат потенцијалните кандидати во локалните средини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното