Алиу формира стручна комисија по смртта на 37-годишната пациентка; ДСЗИ е веќе на терен

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека денеска ќе потпише одлука за формирање стручна комисија во врска со случајот со 37-годишната пациентка со Кронова болест.

Како што претходно објавија медиуми, пациентката починала пред осум дена, откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија.

Комисијата, според министерот, треба „да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот“.

„Државниот здравствен и санитарен инспекторат е веќе на терен“, истакна Алиу, одговарајќи на новинарско прашање.

Изјавата ја даде на прес-конференција по повод најавата на симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој”, посветена на унапредување на знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.