„Американ Ерлајнс“ нема да служи алкохол на летовите до 2022 година.
Имено, покрај „Американ Ерлајнс“, и „Саутвест ерлајнс“ престана да служи алкохол на почетокот на пандемијата на коронавирус.
Тие првично соопштија дека нема да продолжат со продажба на алкохол се до септември, кога треба да се укине задолжителното носење на заштитни маски, но тој датум сега е продолжен до 18 јануари, јави Еј-Би-Си Њуз.
Од „Саутвест“ за Еј-Би-Си Њуз велат дека се уште нема одлука за тоа дали ќе продолжат со прекин на услугата за алкохол по септември, а Јунајтед Ерлајнс престана да продава жесток алкохол, но служи пиво и вино.
Соопштението на авиокомпанијата доаѓа откако американската Федерална управа за авијација (ФАА) информираше дека има зголемување на бројот на непослушни патници, и објави дека досега издала казни во вредност од еден милион долари.