Американската војска тврди дека го уништила нафтеното пристаниште на јеменските бунтовници Хути

Американската војска вечерва објави дека во бомбардирање го „уништила“ нафтеното пристаниште Рас Иса под контрола на јеменските бунтовници Хути, на чии позиции Вашингтон речиси секојдневно ги интензивира нападите во изминатиот месец.

„Целта на овие напади беше да ги таргетираат економските извори на моќ на Хутите“, се вели во соопштението на командата на американската војска за Блискиот Исток (CENTCOM).

САД ги презедоа овие чекори за да го уништат пристаништето за да го елиминираат овој извор на нелегален приход за „терористите Хути поддржани од Иран“, се додава во соопштението.

Набргу по почетокот на војната во Појасот Газа, предизвикана од нападот на палестинското движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран и изразуваат солидарност со Палестинците, извршија десетици ракетни напади врз Израел и Црвеното Море.

Тие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите, кои ја презедоа одговорноста за продолжувањето на нападите врз Израел, ветија дека ќе ги интензивираат повторно се додека Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното