Свет

Андреј Пленковиќ итно опериран!

Андреј Пленковиќ итно опериран!

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е во КБЦ Загреб поради повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам.

Според Владата, операцијата била планирана порано и поминала без проблеми, пренесува Index.hr.

„Ве информираме дека премиерот синоќа беше лекуван во Клиниката за срце и крвни садови на КБЦ Загреб од повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам.

Операцијата беше планирана порано и помина без проблеми“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ.

Премиерот набрзо по процедурата се разбудил и се чувствува добро.

Станува збор за рутинска процедура со која Пленковиќ ја поправил срцевата аритмија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни