Заменик премиер на Италија и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска изјави дека не гледа ништо лошо во тоа американскиот претседател Доналд Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, откако неговиот мировен план за Газа доведе до прекин на огнот.
„Зошто би било тоа скандалозно?“, рече Тајани за телевизијата Медјасет, одговарајќи на прашањето што мисли за можноста Трамп денес да го освои престижното признание, пренесува Анса.
„Мислам дека веќе порано одлучиле кому ќе ѝ ја доделат наградата. Ќе дознаеме денес. Но, фактите се тука. Можеби ви се допаѓа Трамп или не, можеби се согласувате или не со неговата политика, но објективна е фактот дека тој дејствувал и постигнал позитивен исход“, истакна Тајани.
Читај и ова:
- 1.Хороскопски знаци кои никогаш не ги исполнуваат своите ветувања
- 2.ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот кој траел со години на компанијата Марковски, сега е на пат да биде амнестиран благодарение на поединци од судството на Заев и Филипче
- 3.Повеќе од 4.000 федерални службеници во САД добија известувања за отпуштање
- 4.Најголемиот транспортен проект во историјата на Европа: Ќе ги поврзе сите поголеми градови
- 5.Нови правила за влез и излез од Европската Унија од утре