Апелациониот суд Штип утре ќе одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во врска со куќниот притвор на поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев.
Според информациите, предметот пристигнал денеска, по што се очекува Кривичниот судски совет да го разгледа и да ја соопшти својата одлука.
Димитровски и Илиев претходно беа во ефективен притвор поради случајот поврзан со трагедијата во дискотекаta во Кочани. Судот ќе ја објави својата одлука на официјалната веб-страница.