Apple најави купување на своите акции за 110 милијарди долари

Американската технолошка корпорација Apple најави купување на своите акции за рекордни 110 милијарди долари, откако најновите финансиски резултати за тримесечниот период од јануари до март укажаа на забавување на продажбата, пренесува Танјуг.

Во првите три месеци од 2024 година, кои го претставуваат вториот фискален квартал на компанијата, Apple забележа приход од 90,75 милијарди долари, што е за четири отсто помалку од истиот квартал минатата година, пренесува CNN.

Кварталниот профит на Apple беше 23,64 милијарди долари или 1,53 долари по акција, што е за два отсто помалку од истиот квартал во 2023 година.

Продажбата на Apple iPhone падна за десет проценти на годишно ниво на 45,96 милијарди долари, што, според CNN, сугерира дека побарувачката за најновиот модел „iPhone 15“ е послаба од очекуваното.

Намалување на продажбата на телефони во Кина

Продажбата на паметни телефони на Apple во Кина падна за 19,1 отсто на годишно ниво во првите три месеци од 2024 година, објави претходно агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint Research.

За време на разговорот за заработка со акционерите, извршниот директор на Apple, Тим Кук, главно се фокусираше на позитивните моменти од кварталниот извештај и посочи дека компанијата ќе објави повеќе за својата визија за развој на вештачка интелигенција (АИ) „во неделите што следат“.

Минатиот месец Apple на својата веб-страница објави дека на 7 мај ќе претстави нови производи како дел од настанот Let Loose.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното