Apple сè уште го нема издадено iPhone 14, но веќе активно работи на неговиот наследник. Според популарниот аналитичар Минг-чи Куо, компанијата има амбициозни планови за следниот модел на паметни телефони, пренесува GizChina.
Куо тврди дека Apple размислува повторно да ја промени поставата и да го замени моделот Pro Max со Ultra верзија. Можниот иден iPhone 15 Ultra ќе биде најмоќниот паметен телефон во историјата на Apple и ќе нуди функции и хардвер кои се достапни само во него. Така, ќе се одвои од iPhone 15 Pro и ќе стане врвна верзија на смартфонот.
Моментално, моделот Pro Max е идентичен со обичниот Pro модел, само што дисплејот е малку поголем. Целта на моделот Ultra е да има уште повеќе разлики во хардверот, помоќен чип итн.
Користењето на името Ultra за повеќе уреди на компанијата не би било изненадување. Apple веќе го вклучи во својата палета на производи со новиот Apple Watch Ultra. Одлуката првично беше чудна, бидејќи зборот е дел од уредите на други производители, пред се на Samsung.Куо има и некои од специфичните желби на Apple за следниот iPhone. Меѓу нив е перископска камера за оптички зум, префрлување на USB-C порта за да биде во склад со новите европски барања за еден полнач, нов процесор. Како и секогаш, Apple не ги коментира гласините и шпекулациите, а компанијата секогаш може да ги промени своите одлуки.