Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од Арбер Адеми, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 4 февруари, оддавајќи почит на неговото историско наследство и дело.
Арбер Адеми нагласи дека визијата на Гоце Делчев оставила длабок траг и дека идеите на делчевизмот се од суштинска важност во денешното време.
– Коегзистенцијата, взаимното почитување и културното збогатување се темелите на кои треба да ја градиме нашата заедничка иднина. Различностите не треба да создаваат поделби, туку да бидат извор на сила, инспирација и напредок, изјави Адеми.