Актуелниот македонски шампион Струга Трим Лум првиот натпревар од третото квалификациско коло од Конференциската лига против Есперанж од Луксембург ќе го игра на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Иако беше најавен за во Арена „Тодор Проески“, сепак на официјалниот сајт на УЕФА стои дека дуелот ќе се игра на комплексот „Куќа на фудбалот“ на 10. август со почеток од 17 часот.
Арената „Тодор Проески“ од почетокот на овој месец комплетно е затворена поради реновирање на теренот за натпреварот меѓу Македонија и Италија во квалификациите за ЕП 2024 кој е закажан за 9. септември од 20:45 часот.