Арсовска не смета дека треба да поднесе оставка по колапсот со јавниот превоз – вината ја префрли кон Управниот одбор на ЈСП

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако Скопје денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз.

По новинарско прашање од СДК.мк до Арсовска за тоа дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните останаа без автобуси, таа вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ.

„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Арсовска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното