Свет

Австралија најави дека ќе ги третира граѓаните на Тувалу како климатски бегалци

Австралија најави дека ќе ги третира граѓаните на Тувалу како климатски бегалци

Канбера објави дека ќе им додели на граѓаните на островската држава Тувалу во Тихиот Океан „посебни права“ според кои тие ќе можат да се населат и да работат во Австралија, според договорот објавен денеска од двете земји, цитиран од АФП.

Австралиските власти својата одлука ја оправдуваат со фактот дека на населението на Тувалу му се закануваат климатските промени и порастот на нивото на светскиот океан.

„Ние веруваме дека луѓето во Тувалу заслужуваат шанса да живеат, студираат и работат на друго место додека ситуацијата со климатските промени се влошува“, рекоа во заедничката изјава австралискиот премиер Ентони Албанес и тувалуанскиот премиер Каузеа Натано.

Договорот меѓу двете земји предвидува слобода на движење, забележува Франс прес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни