Австралијка ја воодушевиле два хрватски града: „Ако патувате во Европа, мора да дојдете овде“

Моли од Австралија и нејзината пријателка оваа година летуваа во Хрватска. Прво го посетија Сплит каде многу им се допадна ноќниот живот, а потоа заминаа во Дубровник.

„Хрватска е неверојатна! Ако планирате патување во Европа, дефинитивно мора да дојдете овде“, напиша Моли на социјалните мрежи.

Таа сними и блог за нејзиниот летен одмор во Хрватска. Девојките уживаа на плажите, јадеа во пекари но и во скапи ресторани, потрошија многу пари за сместување, одеа на шопинг… Но, се согласуваат дека сето тоа вредеше.

По враќањето од Хрватска, Моли објави неколку видеа на TikTok. Во една од нив таа кажа дека си поминала незаборавно во Хрватска и се пошегува дека паднала во депресија откако се вратила во татковината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното