Азербејџанското Министерство за надворешни работи го оцени договорот постигнат на трилатералната средба ЕУ-Азербејџан-Ерменија како „важен чекор преземен за интересите на Азербејџан и развојот на регионот во мир и спокојство“.
Според писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, на состанокот на претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, одлучено е да се укаже на министерствата за надворешни работи на двете земји да започнат со подготовките за мировен договор меѓу Азербејџан и Ерменија.
Во соопштението се наведува дека страните се договориле да формираат заедничка гранична комисија до крајот на април 2022 година за утврдување на граничната линија меѓу Азербејџан и Ерменија.
Посочувајќи дека на трилатералната средба било разговарано и за отворање на копнени и железнички линии меѓу Азербејџан и Ерменија, во соопштението се вели: „Средбата во Брисел е важен чекор преземен за интересите на Азербејџан и развојот на регионот во мир и спокојство“, се вели во соопштението.