Балкан

Балканот под удар на нов силен топлотен бран – живата на термометрите скокна на 40 степени

Балканот под удар на нов силен топлотен бран – живата на термометрите скокна на 40 степени

Србија е зафатена од нов, интензивен топлотен бран кој уште во раните утрински часови донесе високи температури ширум земјата.

Според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), најжешко во 8 часот наутро било во Зрењанин со измерени 30°C, додека најсвежо било во Сјеница со 13°C.

Високи утрински температури се регистрирани и во останатите градови:

  • Белград: 29°C
  • Нови Сад, Кикинда и Банатски Карловац: 28°C
  • Сомбор и Палиќ: 27°C

Метеоролошки аларми и предупредувања

Поради екстремните временски услови, на сила е црвен метеоролошки аларм во главниот град Белград, како и во регионите на Срем, Бачка, Банат, Поморавље, Шумадија, Западна, Југозападна, Источна и Југоисточна Србија. Во Косово и Метохија е активиран портокалов аларм.

Од РХМЗ издадоа официјално предупредување, со предвидувања дека максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 35°C до 40°C.

Временска прогноза и краткотрајно ослежување

Во попладневните часови, во источните, јужните и југозападните делови од земјата, како и во Поморавље и Банат, се очекува локална облачност со услови за краткотраен дожд или поројни врнежи проследени со грмежи.

Метеоролозите најавуваат благо попуштање на жештините во петок и за време на викендот, кога максималните дневни температури се очекува да се движат меѓу 32°C и 36°C. Сепак, ова освежување ќе биде краткотрајно, бидејќи веќе на почетокот на следната недела се најавува нов пораст на температурите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни