На 34 годишната бремена жена од Скопје на која и беше дијагностициран тумор на срцето, извршена е успешна операција. Таа била во деветтиот месец од бременоста. Туморот бил откриен од лекарите во Аџибадем Систина пред неколку дена при рутинска контрола, откако пациентката се пожалила на проблеми со дишењето. Тим кардиолози, гинеколози и педијатри од болницата Аџибадем Систина извршиле две операции. Успеале да го спасат бебто со царски рез. Потоа, лекарите успеале да го отстранат туморот од срцето на пациентката. По само пет дена по операцијата, пациентката е во состојба да си замине дома.
„Во текот на операцијата откривме голем тумор, на левата преткомора. Требаше да направиме проценка на левата преткомора и поголемиот дел од десната преткомора, потоа направивме сложен оперативен зафат на левата и десната преткомора. Како резултат имаме жена која со своето бебе, на петтиот ден од операцијата е во состојба да си оди дома“, изјави проф. Д-р. Александар Николиќ, шеф на одделот на ардијална хирургија.
По успешната операција и бебето е во стабилна состојба, велат докторите. Новороденчето имало потреба од терапија и неговата тежина сега е 2800 грама.
34 годишната пациентка се породи во 37 недела од бременоста и од клиниката известуваат дека новороденчето морало да биде во инкубатор. Тимот гинеколози вели дека ја породиле мајката со цел бебето да не биде под анестезија. Според нив, доколку не се постапело така, последиците би можеле да бидат фатални. Тумор во срцевата преткомора е многу ретка олест. Од Аџибадем Систина велат се горди на начинот како и го спасиле животот на родилката и нејзиното бебе.
Репортер: Алмедина Исмајли
