Бендевска порача: За нас е неприфатливо да седиме во иста Влада со субјект кој се договара со ова нереформирано ДУИ

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпретседател на Собранието, Весна Бендевска денеска порача дека за нив е неприфатливо да седат во иста влада со субјект кој се договара со ДУИ.

„За нас е неприфатливо да седиме во иста Влада со субјект кој се договара со ова нереформирано ДУИ“, вели Бендевска.

Според неа, ЗНАМ и во својата предизборна програма говорело за итна потреба од „дедуизација” на општеството.

„Под „дуизација” неподразбираме албанофобија, туку напротив, „дуизацијата” значеше систем на коруптивно и криминално владеење. Систем кој го разори институционалниот систем“, додава Бендевска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното