Ви носиме неколку правила според кои треба да се однесувате при поплава.
Според информациите од УХМР попладнево невремето од регионот, ќе пристигне и во Македонија.
Попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, информираат од УХМР.
– преместувајте вредни предмети на издигнати места
– подгответе вода за пиење затоа што може да биде загадена по поплавата (за време на поплава, никако не пијте вода од водовод, бунари и други извори)
– бидете подготвени за евакуација со ранец за итни ситуации
– доколку надлежните служби повикаат на итна евакуација, веднаш постапете го повикот за користење на препорачаните патишта за евакуација
– ако сте заробени во вашата куќа поради поплава, обидете се да се искачите што е можно повисоко
– исклучете ги главните извори на струја, гас и вода
– ако сте на отворено, оддалечете се од местото на кое му се заканува поплава
– избегнувајте да шетате низ која било вода од поплава
– не возете низ вода со автомобил, велосипед или кое било друго транспортно средство
– ако сте во автомобил и не можете да стигнете до безбедно место без ризик, веднаш оставете го и искачете се на повисоко место
– помагајте им на другите во ваша близина, особено на ранливите членови на семејството, на оние со тешкотии во движењето, на болните, на децата, на лицата со попреченост и на сите други на кои им е потребна
– ако е предоцна да се евакуираат домашните животни, оставете ги местата каде што престојуваат отворени за да можат да излезат
– ако можете да носите домашни миленици со себе, ЗЕМЕТЕ ГИ, во спротивно дозволете им да се движат слободно
– слушајте соопштенија на телевизија и радио
– по поплавата да се соработува со итните служби за чистење на просторот, отстранување на трупови на мртви животни, дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објекти, бунари и отворени простори со цел да се избегнат ризици по здравјето.
