Битолчанец пријавил дека завчера неговата сопруга избегала од семејниот дом, а со неа ја зела и нивната 5-годишна ќерка.
Според полицијата, М.Д. (29) од Битола вчера во 14 часот дошол во СВР Битола и пријавил дека претходниот ден околу 4 часот утрото од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.Д. (32). Сопругата со себе ја земала и нивната 5-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на жената детето.