Бизарна теорија на заговор ги натера некои да се плашат од куклите Лабубу

Додека виралната треска Лабубу се шири низ интернет, колекционерите се подготвени да издвојат стотици, па дури и илјадници долари за играчките. Но, додека некои очајно сакаат да ги имаат, други преземаат драстични мерки за да се ослободат од нив. Невообичаените фигурини се инспирирани од илустрираната книга „Чудовиштата“, создадена од уметникот од Хонг Конг, Касинг Лунг. Во серијата, Лабубу припаѓа на племе самовили.

Тие го пронајдоа својот пат од фантазијата во реалноста во 2019 година кога Лунг склучи соработка со кинеската компанија за играчки POP MART, која започна со производство на физички верзии на неговите ликови. Денес, шест години подоцна, обожавателите се подготвени да чекаат во ред со часови за да ги добијат.

Куклите Лабубу ги красат домовите, висат од чанти и станаа предмети на желба, но како што расте нивната популарност, паралелно се шири и вознемирувачка теорија на заговор.

Теории на заговор

Разиграни и глупави на прв поглед, овие кукли кријат „темна тајна“ според некои теоретичари на заговор. Теоријата тврди дека куклите Лабубу всушност биле инспирирани од антички демони – поточно од демон по име Пазузу, познат од месопотамската митологија и хорор филмот „Егзорцист“.

Иако Пазузу и Лабубу немаат многу физички сличности, обожавателите на теоријата истакнуваат дека двата лика делат препознатлива широка насмевка и зашилени заби.

Според Енциклопедијата Британика, Пазузу е познат како демон кој ги победил моќните демонски ветрови и можел да биде повикан да ги заштити луѓето – иако колекционерите на Лабубу кои веруваат во оваа теорија се убедени дека неговото присуство сепак не е бенигно.

За некои, теоријата е толку убедлива што решиле физички да се ослободат од своите кукли. Корисничка на TikTok со корисничкото име @jessicavibezx објави видео од себе како го гори својот Лабубу со предупредување: „НЕ КУПУВАЈТЕ ЛАБУБУ, ТИЕ СЕ ПРОКЛЕТНИ И ЌЕ ВИ ГО УНИШТАТ ЖИВОТОТ“. Таа не е единствената што верува во оваа теорија. На Твитер, некој напиша: „Лабубу = Пазузу. Не внесувајте демони во вашиот дом“.

Друг корисник призна дека оваа теорија го прави вознемирен: „Не сум суеверен, но не сум ни рамнодушен. Никогаш не би купил Лабубу. Доаѓа од Пазузу, демонот кој го опседнал малото девојче во „Егзорцист“. Имаме доволно наши внатрешни демони – не ни треба уште еден, и тоа скап.“

И покрај ширењето на теоријата, се чини дека популарноста на куклите Лабубу засега не опаѓа. Се чини дека љубителите на хорор ќе мора да бидат малку повнимателни.