23 годишниот фолк пејач Александар Темелков стана таткo!

Фолк пејачот 23-годишниот Александар Темелков и неговата сопруга Сара добија син.

Ова е прво дете на парот, а младиот музичар ја објави радосната вест на социјалните мрежи.

„Јас и мојата сопруга Сара станавме родители, ни се роди нашиот принц. Ти благодарам Господе за овој дар“, напиша тој.