Благоја Грујовски повеќе е во странство, отколку дома: “Ќарот надвор од границите е дупло поголем!”

Фолкерот Благоја Грујовски во последно време почесто настапува надвор од земјава, отколку дома. Турнеи има за извоз, а важи за голем миленик на нашинците во дијаспората. Швајцарија, Америка, Канада, Италија, Австралија се само дел од земјите каде Баже “гази” јако , а во едно интервју пејачот откри и дека разликата во однос на зароботката кај нас и во странство е огромна, па затоа решил да се фокусира на тезгарење далеку од Македонија.

„Се зависи од типот на ангажманите и не можеш да генерализираш. Можеби пред десет години се земале повеќе пари во однос на тоа што се зема денес, но ако се прави споредба меѓу тезгите кај нас и во странство, ќарот надвор од границите е дупло поголем. Јас сум задоволен од турнеите, ги имам во голем број и среќен сум што нашиниците во дијаспората ја слушаат мојата музика”, вели фолкерот.

Во 2009 година Благоја Грујовски се ожени со 20 години помладата Ирена. Тие беа во врска 2 и пол години и Ирена беше во шестиот месец од бременоста на свадбата. Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Својата приватност тие скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет. Заедно го имаат синот Марко.

Благоја беше во брак 10 години со презентерката Татјана Стојановска и со неа го синот Матеј.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното