„Блокада доколку Џафери се осмели да глуми уставен судија“ – Левица го поднесува барањето за референдум

Партијата Левица денеска го поднесува барањето за референдум во Собранието.

Ова денеска на прес конференција го истакна лидерот Димитар Апасиев кој посочи дека се собрани 750 потписи кои ќе ги предадат во собраниската архива.

„Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“, рече Апасиев.

Како што вели, верува дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека очекуваат да бидат сериозно сфатени како опозиција.

„Се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива“, рече Апасиев.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното