Блумберг: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања

Каде да се најдат пари за покривање на старите долгови и финансирање на буџетскиот дефицит на државата е прашање што заслужува сериозно внимание, особено ако се земе предвид дека Македонија ќе треба да се задолжи 120,6 милијарди денари (1,96 милијарда евра) следната година, се наведува во анализата на „Блумберг“.

Според проекциите во предлог-буџетот за 2026 година, кој е веќе влезен во собраниска процедура, се планира задолжување од речиси две милијарди евра.

Од оваа сума, како што посочува медиумот, предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 35,6 милијарди денари (578 милиони евра). Овие средства ќе се обезбедат преку задолжување со издавање државни хартии од вредност или преку домашен заем.

„Анализираме колку е скапо нашето задолжување,“ се заклучува во текстот, алудирајќи на високите каматни стапки со кои се соочува земјата поради кредитниот рејтинг.